(ВИДЕО) Сопругата на Брус Вилис објавила емотивно видео: Се потсетила на обновувањето на нивните завети

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилс, неодамна на својот Инстаграм објави старо видео од обновувањето на заветите по повод нивната 14-годишнина од бракот.
Видеото е создадено во 2019 година, а го снимила поранешната сопруга на Брус, Деми Мур, со која и денес се во добри односи. На крајот од видеото парот ги потврдил заветите со бакнеж, а на крајот сите се фотографирале заедно.

– На 10-годишнината од бракот решивме да ги обновиме заветите на истото место каде што во 2009 година рековме „ДА“. Многу сум среќна што го направивме тоа. Искористете ја секоја можност да се обедините и да прославите со семејството и пријателите. Ова се моменти и убави спомени кои можете да ги чувате цел живот, а ние мораме да ги чуваме тие спомени безбедни и живи за оние кои можеби нема да можат – напишала Ема на Инстаграм.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …