Шпанските медиуми пренесуваат дека Шакира се степала со Монсерат Бернаберу, мајката на поранешниот партнер, Жерар Пике.
View this post on Instagram
Новинарката Лаура Фа тврди дека мајката на Пике од самиот почеток знаела за неговата врска со студентката и му помогнала да го скрие тоа од Шакира. Наводно, причината за ваквото однесување е тоа што Шакира никогаш немала добри односи со својата свекрва.
„Сето ова е затоа што кога започна врската на Пике и Клара, тие се криеја во куќата на родителите на Пике во Кабрилс, Шпанија“, изјавила таа.
View this post on Instagram
Исто така, шпанските медиуми тврдат дека Шакира и Бернаберу имале физичка пресметка пред Пике и нивните деца, а за инцидентот сведочел извор близок до фудбалерот.
„Бернаберу ја удри Шакира по лицето пред Жерард и нивните деца“, рекол изворот, додавајќи дека двете имале сериозна расправија.
Shakira is better than me fr!! Cause if my mother in law touches me like that she’s losing her hand.
I’m dead serious, she’s losing her whole Fvcking arm
pic.twitter.com/REXalYe0tK— Ms.KeiKei (@iamKeira18) January 23, 2023
Потсетуваме, колумбиската пејачка Шакира неодамна дозна за изневерувањето на својот долгогодишен партнер Жерар Пике со Клара Чија Марти.
Фото: Монтажа