НОБ: Изведба на обновената балетска претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски на 28.3.2023 и 12.4.2023

На големата сцена на Националната опера и балет на 28 март 2023 со почеток во 20.00 часот ќе се изведе обновената балетска претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски. Втората изведба е закажана за 12 април 2023 во 20.00 часот. Премиерно, балетската претстава се одржала во 2011 година во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери.
Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на гостинот од Украина Виктор Јаременко, асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн е Милчо Александров, концерт-мајстор, Јане Бакевски, соло виолина: Климент Тодороски
Во главните улоги на 28 март ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименз Руиз (Шпанија), Ивана Коцевска, солисти и балетскиот ансамбл во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.
Во главните улоги на 12 април ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименз Руиз (Шпанија), Наташа Трендафилова Гицев, солисти и балетскиот ансамбл во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

This image has an empty alt attribute; its file name is Zaspanata-ubavica-2.jpg
Безвременската, волшебна балетска бајка „Заспаната убавица“ преточена во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски

Коалиција МАРГИНИ, во партнерство со List Production и Младински Културен Центар со задоволство ве поканува …