Популарната турска драмска серија „Сулејман Величествениот“ забележа голема популарност кај нас. Заплетот на драмата го следи животот на султанот Сулејман кој во своето 46-годишно владеење ја изградил Отоманската империја поголема од онаа на Александар Велики. Ликовите од серијата се опишани како сложени, а некои од нив ги „купиле“ срцата на обожавателите на серијата.
Каде се денес и што прават ѕвездите на шоуто?
Турската актерска ѕвезда Халит Ергенч, познат во регионот и пошироко по улогата на турскиот султан Сулејман Величествениот во истоимената серија.
Халит го поминува времето со семејството, убавата сопруга Бергузар Корел и трите деца. Потсетуваме, брачниот пар од срцата на гледачите во регионот ги освои со серијата „1001 ноќ“, каде ги отелотворија улогите на Шехерзада и Онур, а после тоа имавме можност да ги погледнеме и во „Ранета љубов“.
View this post on Instagram
За оваа улога од родниот Берлин во Турција дојде омилената Хурем од „Сулејман Величествениот“, Германка со турско потекло Мерјем Узерли. Улогата ја прослави низ Европа, историската серија се гледаше во 22 земји, а Хурем беше еден од препознатливите ликови.
View this post on Instagram
Надвор од центарот на вниманието на филмските студија и надвор од гламурот поврзан со нејзината професија, убавата Мерјем Узерли живее сосема обичен живот. Често патува, излегува и се дружи со пријателите, шета низ романтичниот Берлин каде што инаку живее и се труди секој момент да го помине во друштво на ќерките. И покрај славата што ја стекна, Мерјем Узерли покажува колку е една обична и нормална млада жена.
Нур Фетахоглу, попозната како Махидевран, првата сопруга на султанот. Таа на многумина им е позната токму по оваа улога. Нур е актерка со германски корени и важи за едно од најубавите лица во Турција.
View this post on Instagram
Нур поминува многу време со својата ќерка Елиса, а на својот Инстаграм профил често објавува фотографии од неа.
View this post on Instagram
Вахиде Гердум, актерката која ја замени Мерјем Узерли во улогата на Хурем во финалето на третата сезона на серијата „Султан Величествениот“. Фановите на серијата не беа воодушевени од оваа замена, но на крајот се помирија со тоа. Во 2011 година, таа доживеа вистинска животна драма кога и беше дијагностициран рак на дојка. Вахиде се прослави во многу серии, „И го дадов името Фериха“, „Мајка“, „Горка земја“ се само некои од нив.
Вахиде поминува време со семејството и работи на нови проекти.
View this post on Instagram
Познатиот турски актер Бурак Озчивит се прослави во многу серии. Во серијата „Сулејман Величествениот“ обожавателите го паметат по улогата на Бали – бег. Бурак најмногу ги „собра“ симпатиите на женскиот дел од публиката.
View this post on Instagram
За жал на многу обожавателки, актерот е во среќен брак со актерката Фахрије Евџен, со која има два сина.
Фото: Архива