(ВИДЕО) Зошто овие пет песни и пејачки се забранети низ светот?

Кога ќе прочитаме дека некоја позната личност направила некој инцидент или „луда“ работа и не е нешто чудно…Но, најчесто тие и својот карактер го внесуваат во музичките видеа…
И’, додека некои држави им „прогледуваат низ прсти“, други ги забрануваат нивните песни, па дури и цели албуми.

Кејти Пери
„Last Friday Night“ беше во Топ 100-те песни што Кинеската влада ги забрани за преслушување на интернет. Текстот на песната е за луда ноќ и незаборавна забава со алкохол. Забраната е поради одржување на културната безбедност во државата.


Ники Минаж
Не е тајна дека Ники Минаж може да отиде предалеку со нејзините песни и видеа. Многу од нејзините песни содржат расистичка нота. Додека некои земји се опседнати со нејзините раперски способности, во други не е толку добредојдена. Во 2015-та ,„Anaconda“ доби забрана за емитување во Израел.


Бијонсе
Тешко е да се поверува дека музиката на Бијонсе не е посакувана во некои земји, бидејќи таа важи за една од најпочитуваните личности во музичката индустрија. „Run the world“ е песната која Кинеската влада ја забрани во поради истакнување на женската моќ во општеството.


Мајли Сајрус
Во 2014.та, Доминиканската Република одлучи да ја забрани целосно музиката на Мајли, поради несоодветното однесување во периодот кога Сајрус експериментираше со тверкање.

Лејди Гага
Бијонсе и Кејти Пери не се единствените кои што се забранети во Кина. Лејди Гага претставува закана за населението со нејзините песни и видео записи. Во Топ 100 песни кои се забранети во оваа држава, Гага завзема шест позиции.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …