(ВИДЕО) Жена се породила ВО ЛИФТ во нејзината зграда: Објавено видео од НАДЗОРНА КАМЕРА од лифтот, проговорил и таткото…

Дебора Битар од Бразил се породила во лифтот на зградата во која живее, а целото породување го снимила надзорна камера. Кон крајот на минатиот месец почувствувала силни контракции кога била дома, па веднаш се подготвила да оди во најблиската болница. Сепак, планот не одел како што мислела…
Дебора го родила малото девојче Јулија во лифтот на нејзината зграда. За среќа, ја придружувал нејзиниот сопруг, гинеколог Данило Алмеида, кој и помогнал при породувањето.
Минатиот четврток, гордиот татко на Инстаграм споделил снимка од безбедносната камера на лифтот.
„Раѓањето на Јулија беше брзо и невообичаено, но послужи како пример дека понекогаш жените можат да се породат за неколку минути. Јас не сум поборник за породување без надзор и верувам дека безбедноста на мајката и детето е приоритет, но има некои непредвидливи ситуации. Колку и да го планиравме второто сценарио, атмосферата во лифтот беше мирна и тивка и на крајот бевме сведоци на раѓањето на нашата ќерка“, напишал д-р Алмеида.

Таткото ја пресекол и папочната врвца, а иако во кариерата породил повеќе од 5.000 жени, признава дека ова породување било најпосебно.
„Повеќето од породувањата што ги имам се ‘нормални’ и понекогаш траат помалку од два часа. Овој ме изненади“, изјави д-р Данило Алмеида.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …