Една од најпознатите актерки Шарлиз Терон неодамна се појави на премиерата на филмот „The School for Good and Evil“.
Таа на црвениот тепих на споменатата премиера во Лос Анџелес се прошета во необична црна комбинација, а вниманието на јавноста го привлече драстичната промена на нејзината фризура.
Иако ја паметиме како фатална русокоса со кратка коса, Шарлиз овојпат реши да ја изненади пошироката јавност, а платинестите прамени ги замени со темно костенлива боја. Може да се каже дека стилот и бојата на косата одговараа на нејзиниот аутфит за оваа свечена пригода, а познатата актерка навистина остави голем впечаток кај сите присутни.
Црна проѕирна кошула, фустан кој ја открива едната нога, а ја покрива другата и цветен детаљ на вратот беа одлично комбинирани облеки кои одлично се совпаѓаа со нејзиниот нов имиџ.
View this post on Instagram
Фото: Архива