(ВИДЕО) Заштитните одела се распаѓаат како да се од хартија: Шокантна снимка од француска болница

На социјалните медиуми во Франција кружи видео на кое е прикажана медицинска сестра која се обидува да облече опрема што се распаѓа во нејзините раце…
Шокантна снимка од болницата во Марсеј започна да циркулира на социјалните медиуми во понеделникот.
Покажува медицинска сестра во детската болница „Тимоне“ која облекува заштитно одело, какво што се користи за работа со пациенти кои имаат корона вирус, за да се распадне за неколку секунди, како да е хартија.
Здравствените власти од овој град потврдиле дека опремата потекнува од магацин во Франција, но била деградирана бидејќи стоела во лоши услови.
Снимките за прв пат се „појавила“ во приватна комуникација меѓу вработените во болницата.
„Внимателно, добивме нови одела, Американците не сакаа да ги земат од пистата“, се слуша во видеото, потсетувајќи на случајот кога САД купиле опрема што требаше да се испрати во Франција.
Медицинската сестра потоа со раката покува на дупка и вели дека така треа да влезе во просторијата каде се наоѓаат пациентите со овид-19.
„Ќе го земам внимателно, никогаш не знаете што може да се случи, и еве – ми помина мојата рака“, вели медицинската сестра, додавајќи дека ова е трето кутија со одела и како да станува збор за нормална појава.
Веднаш била спроведена истрага, а локалните власти негирале дека опремата неодамна била испорачана од Кина, туку дека костумите биле од домашни резерви и биле оштетени од влага, што е потврдено од влажните кутии.
Тие додале дека од 20.400 парчиња од оваа опрема испорачана во неделата, околу 300. биле оштетени.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …