ЦРН РЕКОРД ВО ФРАНЦИЈА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ЕПИДЕМИЈАТА: Скоро илјада и пол лица пиочинале и 11. илјади заразени во само еден ден!

Бројот на починати во Франција поради коронарниот вирус надмина десет илјади
Вторник забележа најголем број починати од почетокот на кризата: дури 1.427 лица умреле во еден ден! Од нив, 607. во болници, што е исто така рекорд, а 820. во домови за стари лица.
Бројот на пациенти бил драстично зголемен, повеќе од 11.000 за еден ден, што го зголеми вкупниот биланс на регистрирани случаи на над сто илјади. Само во болниците, регистрирани се 3.777 новозаразени, а остатокот во домовите за стари лица.
Од друга страна, има се помалку и помалку притисок врз болничките установи, што е добра вест. Вкупно 30.000 луѓе биле на лекување во вторникот, што е само 305 повеќе од претходниот ден.


 

Бројот на пациенти на реанимација, исто така, продолжува да следи тренд на опаѓање, кој трае веќе десетина дена. Зголемувањето е „само“ 59. лица, па затоа се надеваме дека наскоро повеќе пациенти ќе бидат тргнати од апарати отколку новоприклучени. Здравствените власти велат дека тогаш може да се дискутира за врвот на епидемијата. Во вторникот на реанимација биле 7.131 пациенти.
Раководителот на одделот за инфективни болести во болницата „Биса“ во Париз, Јаздан Јазданпапа, истакнал дека повеќе од 80. проценти од пациентите подложени на реанимација под возраст од педесет години страдаат од прекумерна тежина.
Исто така, во земјата има 19.337 излекувани од корона вирусот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …