(ВИДЕО) ВЛЕГЛЕ ВО НОВАТА КУЌА И ГИ ДОЧЕКАЛ ХОРОР: Детето покрај базенот го нападнал ПИТОН, змијата и’ после нападот на таткото не се откажувала!

Семејство од Австралија што организирало забава по повод вселувањето во нова куќа, во северниот дел на Квинсленд, не очекувале таа да заврши на ужасен начин.
Таткото на едно четиригодишно момче изјавило дека само што гостите дошле кај нив и тој ги чувал децата кои биле покрај базенот. Во еден момент го слушнал неговиот син како вреска и имал што да види. Огромен питон го зграби момчето за нога и се обидувал да го одвлече.
„Да не бев таму, змијата ќе го убиеше“,раскажал шокираниот Еван Томпсон. Се стрчал кон својот син и инстинктивно ја удирал змијата по главата, која го ослободи момчето, но потоа повторно нападнала.


„Тој повторно го гризна, па го зграпчив питонот и му ја отворив вилицата, која се обидов да ја скршам“, рекол тој. Но, змијата повторно се обиде да го нападне момчето.
Потоа викнал некој да донесе оружје, па таткото на момчето змијата ја убил со чекан. Тој рекол дека змијата била крајно агресивна. Сето тоа траело пет минути. Таткото ја завиткал раната на синот и повикал брза помош. Момчето било на операција, пие антибиотици и се опоравува во болница, пренесува Дејли Меил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …