(ФОТО) МЕГАН И ХАРИ СИ ТЕРААТ ПО СВОЕ И ЈА УРИВААТ ТРАДИЦИЈАТА: За Божик наместо кај кралицата отишле во Канада!

Британскиот принц Хари и неговото семејство божиќните празници ќе ги поминат во Канада,како што известуваат од неговиот кабинет.
Ова значи дека принцот Хари, неговата сопруга, војвотката од Сасекс Меган Маркл и нивниот седуммесечен син Арчи ќе ја пропуштат традиционалната Божиќна прослава кај кралицата Елизабета Втора на имотот во Сандрингам.
Претставниците на палатата синоќа потврдија дека семејството на принцот Хари е во Канада, но не дадоа дополнителни детали, пренесува АП.
Војвотката од Сасекс живееше неколку години во Канада додека го снимаше серијалот „Две лица на правдата“ (Suits) пред да се омажи за принцот Хари .
Канадскиот премиер Џастин Трудо на Твитер го поздравил семејството на принцот Хари, посакувајќи им „мирен и благословен“ престој во Канада.

„Вие сте меѓу пријатели и секогаш сте добредојдени тука“, рекол Трудо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …