(ВИДЕО) Уште еден вестерн: Кристиан Беил како каубоец претендира на Оскар

Најнамрштеното лице на Холивуд уште еднаш настапува во вестерн. Кристиан Беил кој овојпат нема да мора да изведува актерски вратоломии, со овој филм сепак ќе се обиде да добие Оскар…
Кристиан Беил уште еднаш се здружува со режисерот Скот Купер за да настапи во филмот „Hostiles“, мрачен вестерн. Беил глуми воен капетан кој го придружува поглавицата на Чеените, кој умира, во неговите племенски територии.
По цел пат, како што првите кадрови ни покажуваат, Беил ќе биде намрштен, тажен и генерално лошо рсположен, како што ќе биде и Студи (го глуми тој што умира).
Намрштениот Беил можете да го видите во првиот трејлер:


Филмот се одвива во 1892. година а патот двајцата ги води до воената тврдина во Ново Мексико до преријата на Монтана. Секако, патем ќе наидат на многу препреки кои ќе мораат да ги заобиколат, за да Индијанецот може мирно да умре во Монтана.
Во главните улоги се Кристиан Беил и Вес Студи, дежурниот намрштен Индијанец. Главната женска улога ја превзела Росамунд Пајк, која преку неколку неважни улоги успеала од ѕвезда во раст да стане „само една од глумиците“.
Филмот во кината доѓа кон крајот на ноември така што сосема сигурно ќе го видиме и како кандидат за Оскар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава No Exit

Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Домот на култура ,,Димитар Влахов” во Автокоманда, премиерно …