(ФОТО) Дечкото на Гвен Стефани е најсексипилниот маж на светот


Ласкавата титула на најсексипилен маж на светот оваа година според изборот на читателите на „Пипл“ ја понел американскиот глумец, кантри пејач и музички продуцент Блејк Шелтон.
„Цел живот бев грд, но ако можам да бидам секси макар на една година – со задоволство ја прифаќам титулата“ изјавил 41. годишниот пејач.
Шелтон десет години бил успешен кантри пејач, а во 2011. година му се пружила прилика како судија и ментор да учествува во реалното шоу на ЕнБиСи „The Voice”.
За „Пипл“ рекол дека поради освоената титула ќе го „зафркава“ својот колега од таа емисија, фронтменот на групата „Maroon 5“, Адам Левин кој истата ја имал во 2013. година.
„Немам намери кон оваа титула да се однесувам скромно како Хју Џексон и нему сличните. Луѓето ќе ме замразат колку ќе се фалам“ рекол Шелтон.
Пејачот бил во брак со пејачката Миранда Ламберт, а последните две години е во врска со поп пејачката Гвен Стефани (48).


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмскиот Театар ќе биде изведена претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската …