(ФОТО) Чоколаден куглоф

Потребно е:
2 круши
5 жолчки
3 белки
150 г шеќер
150 г путер
150 г чоколадо за готвење
1 лажица какао
30 мл млеко
малку рендана кора од портокал
200 г брашно
1 кесичка прашок за печиво
Плус:
шеќер во прав за наросување
Подготовка: крушите излупете ги, исчистете од семките и исечете на коцки. Изматете ги жолчките и шеќерот, додајте го омекнатиот путер и се’ убаво соединете. Чоколадото истопете го на пареа и малку изладете а потоа вмешајте во смесата со жолчки, заедно со какаото, коричката од портокал и млекото. Во изедначената смеса вмешајте го брашното со печивото, најдобро преку сито.Од белките изматете цврст снег и вмешајте во смесата, една по една лажица со лесно мешање да остане што повеќе воздух.
Калап за куглоф намачкајте со путер и наросете со брашно. Истурете ја смесата, израмнете и ставете во рерна загреана на 180 сепени. Печете околу 90. минути. Пред крај на печењето куглофот покријте го со алуминиумска фолија да не изгори.
Испечениот куглоф оставете го неколку минути во калапот па превртете на чинија за служење.
Ладен наросете го со шеќер во прав или чоколдо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …