(ФОТО) Двобоен колач

Потребно е:
Прва смеса:
1 јајце
60 г мелени, печени, лешници
100 г шеќер
100 г маргарин
100 г остро баршно
Втора смеса:
4 јајца
100 г шеќер
100 г чоколадо
150 г маргарин или путер
1 лажица остро брашно
Глазура:
60 г путер
100 г чоколадо
3 лажички млеко
Подготовка:прво тесто: пенесто изматете ги јајцето и шеќерот, додајте го омекнатиот путер, мелените лешници и брашното. Помал плех со пречник од 20. до 30. см намачкајте со маргарин, наросете со брашно и истурете го тестото. Печете околу 10. минути во рерна загреана на 180. степени.
Второ тесто:пенесто изматете ги жолчките со шеќерот, додајте го омекнатиот путер, истопеното чоколадо и брашно.Во смесата полека вмешајте цврст снег од белките. На првото тесто кое е до половина печено истурете ја втората смеса, температурата во рерната намалете ја на 150. степени и се’ заедно печете околу 50. минути.
Глазура: путерот и чоколадото со млекото загревајте ги на ниска температура додека не се создаде хомогена смеса.
Кога глазурата малку ќе се излади истурете ја на колачот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …