Утре премиера на „Кец на десетка“ во МНТ

Македонски народен театар,  викендов , ќе има премиера на  комедија.

На малата сцена премиерно ќе биде изведена „Кец на десетка“ од струмичкиот писател и драматург Митко Бојаџиски.
Работена како претпоследна премиера од програмата за тековната 2017 година, во петок, на 17 ноември, во 20 часот, на Малата сцена на Македонски народен театар, ќе биде изведена комедијата „Кец на десетка“ од Митко Бојаџиски.
Режијата на овој проект е „колективна“ (Драган Спасов Дац, Јордан Симонов и … други), а играат актерите: Александар Микиќ како таткото Доксе, Тања Кочовска – мајката Грациела, Нина Деан,како Ана и Ивица Димитријевиќ – идниот зет Тоше.


Сите заедно се убедени дека потпишуваат проект што ќе ја разгали и насмее публиката, а Кочовска ќе рече дека актерите и не милуваат многу да појаснуваат туку она што го имаат да го кажат го кажуваат на сцена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …