(ВИДЕО) ТРАГИЧНА СМРТ НА ТРИ СЕСТРИ: Умреле во исто време – На роденденот на нивниот татко се’ „тргнало наопаку!“

Се смета дека три сестри кои го славеле роденденот на нивниот татко се меѓу 34-те лица убиени кога  брод се запалил крај брегот на јужна Калифорнија.
Сузана Росас од Стоктон, Калифорнија, на социјалните медиуми објавила дека нејзините три ќерки, нивниот татко и маќеа, биле на бродот.


Се верува дека трите сестри биле на бродот за да го прослават роденденот на нивниот татко, Мишел Бура Китјасол, заедно со маќеата Фернис Сисон.
Властите не ги објавиле имињата на жртвите, но шерифот на округот Санта Барбара, Бил Браун, рекол дека слушнал дека возраста на жртвите се движи од тинејџери до луѓе во нивните 60-тти. Тој рекол дека повеќето од нив се од северна Калифорнија, вклучувајќи ги Санта Круз, Сан Хозе и заливот на Сан Франциско.
Крајбрежната стража ја прекинала операцијата за спасување во вторникот, откако не пронашле повеќе преживеани, изјавил капетанката Моника Рочестер.
Ќе биде спроведена ДНК анализа за да се идентификуваат сите жртви, а властите ќе ја користат истата алатка за брза анализа со која ги идентификувале жртвите од смртоносниот пожар што го опустоши Парадајс, северниот град во Калифорнија, минатата година, соопштил шерифот.
Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот во понеделникот. Шерифот рекол дека пожарот се ширел брзо и пламенот ги блокирал двата излеза од долната палуба, каде патниците и еден член на екипажот спиеле во тесните кабини.


Капетанот и четворица членови на екипажот биле будни, па скокнале од горната палуба од предниот дел на бродот, пливале до чамците на дуење и го насочиле кон бродот кој бил закотвен во близина. Властите разговарале со нив, но не кажале какви напори вложиле да им помогнат на оние што се заробени.
Биле откриени 26. настрадани од пожарот на бродот кој бил закотвен во близина на брегот на островот Санта Круз, на околу 32 километри од брегот и северозападно од Лос Анџелес.
Четири до шест други тела биле забележани под водата, а нуркачите ги бараат преостанатите исчезнати лица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …