Депресивните фази го следеле скоро целиот живот, но тој вели дека се справил со оваа болест и победил еднаш засекогаш…
Дејвид Вилијамс, актер и комичар, со години се бори со депресијата. Тој се смета за многу позитивна и весела личност, па затоа е речиси невозможно да се верува дека тој бил измачуван од ваков вид проблеми.
Актерот решил да зборува искрено за својата борба и да ги охрабри сите луѓе кои се соочуваат со овој проблем. Открил дека, поради промените во расположението, тој мислел дека ќе се откаже од сè, од јавниот живот и од глумата. Отпрвин, тој не ја сфатил неговата состојба, бидејќи сметал дека станува збор за само минлива непријатност, но во еден момент работите се влошиле толку многу што му бил неопходен третман.
“Во текот на ноќта кога сте сами е најлошо, затоа што никој не е тука за да ве утеши. Во тие моменти тагата не е единственото чувство што ме преплавуваше, туку стравот”, започнува актерот.
„Страв од смрт, страв од живот, страв од љубов, страв од сè. Тоа траеше шест месеци“.
Сега актерот може гордо да каже дека успешно ја надминал оваа состојба и дека зад себе ја оставил депресија.
„Имаше периоди во мојот живот кога бев навистина, навистина лошо и тие периоди траеја многу долго“, искрено рекол актерот, па продолжил: „Сега сум на подобро место и една одлична работа што ми помогна многу во надминувањето на оваа состојба е дека наскоро ќе станам родител. Кога се случуваат вакви работи во вашиот живот каде веќе не можете да се ставите на прво место и кога има нешто што го привлекува вашето внимание, немате време да се бавите премногу со вашите проблеми“.
„Премногу време за размислување може да предизвика сериозни проблеми. Кога ја анализирате секоја ситуација, се појавува проблем. Се прашувате себе си и дали сте биле во можност да направите нешто подобро и на тој начин полека, но сигурно влезете во злобниот круг што доведува до депресија“.
На прашањето како се справил со кризата и времето кога негативните мисли го победувале, тој одговара: „Побарај помош и не се срами. Оитод на време на лекување и тоа многу ми помогна. Покрај тоа, пишувањето исто така ми помогна. Не сакав долго да бидам сам со моите мисли, затоа што така започнуваа сите мои темни фази “.
Што е всушност депресија?
Депресијата е повеќе отколку само чувство на несреќа или здодевност од неколку дена, објаснуваат лекарите. Тие додаваат: „Повеќето луѓе минуваат низ периоди на жалење во одреден момент, но кога сте депресивни, тоа чувство трае со недели или месеци, не само неколку дена“.
„Некои луѓе мислат дека депресијата е тривијална и не е навистина медицинска состојба. Тие не се во право, таа е вистинска болест со вистински симптоми “.
„Добрата вест е дека со правилен третман и поддршка, повеќето луѓе со депресија можат целосно да се опорават“.