(ВИДЕО) СТРАШНО – БРИТАНСКИТЕ ЛЕКАРИ ОД ПОСТАРИТЕ ЛИЦА БАРАЛЕ ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД РЕАНИМАЦИЈА: Еве што пишува во срамното писмо кое ги згрозило пациентите!

Додека бројот на заразени и починати од корона вирусот во Велика Британија рапидно се зголемува, лекарите се обратиле до голем број на постари пациенти со сериозни болести, да потпишат документ со кој се одрекуваат од реанимација во случај да заболат од корона.
Во писмото се вели дека оние што го примиле треба да пополнат формулар со кој потврдуваат дека се откажуваат од своето право на оживување доколку нивната состојба, веќе сериозна поради хронични и тешко излечиви заболувања, се искомплицира како резултат на коронавирус.

„Нема да ве напуштиме, но мора да бидеме искрени и реални“, се наведува во прилично морбидното писмо.


Лекарите во болницата „Мастег“ во Велс посочиле дека има и „придобивки“ од пополнување на формуларот – прво, доколку нивната состојба се влоши поради Ковид-19, нивниот доктор, пријатели и семејство би знаеле дека не мора да повикаат брза помош, и второ, оскудните медицински ресурси може да им се обезбедат на младите луѓе и на оние со поголема шанса да оздравување.


Еден пациент изјавил дека писмото ја натерало да се чувствува безвредно.
Во писмото, исто така, се вели дека лекарите, „под идеални услови“, лично би разговарале за ова, но дека се определиле за писмо од страв дека оние на кои им било упатено веќе се заразени со корона, но биле асимптоматски.
Пациентката Елизабета Johnон, која инаку боледува од карцином, вели дека таа го видела писмото како „смртна казна“.


In maesteg Bridgend 😱😢 here's the letter that is being sent out by the surgery!! This is awful…. basically being told…

Gepostet von Laura O'Neill am Dienstag, 31. März 2020

“Со вистинската терапија, мојот карцином може да биде под контрола. Јас не сум подготвена себе да си копам гроб иако сум товар за општеството. Се чувствував толку безвредно, како самата смрт да ми испрати пресуда. Ако требаше да изберам дали на респиратор ќе биде некој 20-годишник или јас, јас би го оставила респираторот на тоа лице“, рекла Елизабет, која веќе осум години се бори со болеста.
Според весникот „Гардијан“, писмото било испратено до мал број пациенти, а лекарите, во меѓувреме, се извиниле.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …