(ВИДЕО) Пристигнуваат снимки од силен земјотрес во Таџикистан, се’ се тресе, луѓето бегаат

Силен земјотрес со јачина од околу 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан. Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил на околу 82 километри од најблиската граница со Кина.
Земјотресот бил силно почувствуван во Кашгар и Артукс во западниот дел на регионот Ксинџијанг.
По тој прв земјотрес следеле земјотреси со јачина од 6,8, 7,3, 5,0, 4,6, 4,9 степени според Рихтеровата скала. Се уште нема официјални информации за жртви или материјална штета.
На социјалните мрежи се појавуваат снимки од земјотресот, кој освен во Кина, силно се почувствува во Пакистан, Узбекистан, Авганистан и Киргистан.



Во Кина наводно се урнал рудник.

ParkWeather.com/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот …