Минатиот месец среќник од Мејн во САД го освои џекпотот на Mega Millions во износ од 1,35 милијарди долари, а тоа беше точно во петок 13-ти, но на крајот ќе добие само 498 милиони долари, па ни половина од она што првично го освоил.
Каде исчезнаа неговите 706 милиони долари? Во средата, тамошните власти објавија дека некој дошол да го собере џекпотот Mega Millions, четвртиот најголем во историјата на САД, но не како поединец, туку во име на компанијата LaKoma Island Investments LLC.
Наместо да ја повлече добивката на рати, човекот побарал добивката да му биде исплатена одеднаш, во готово, па затоа властите утврдиле дека тој мора да плати дури 723.564.144 долари данок. Ако случајно решил да ја плати добивката на рати, ќе добиел многу поголема сума, но добивката ќе му била исплатена во следните 29 години, на 30 рати.
Фото: Архива