(ВИДЕО) Поранешната свршеница на Кличко собира донации за Украинците: „Не можам да стојам настрана“

Поранешната свршеница на Владимир Кличко, актерката Хајден Панетиер, отворила фонд за помош на Украинците и се обратила до јавноста на каналот на Hoplon International на Јутјуб по повод војната.
„Нема зборови со кои може да се опише како е да се гледа војната во Украина. Ужасно е да се знае дека луѓето што ги сметам за мое семејство и пријатели очајнички се обидуваат да се борат за своите животи и за земјата што ја сакаат“, речкла таа.
„Ја создадов оваа организација за директно да им помагам на луѓето. Не можам само да стојам настрана и да го гледам бесот на оваа катастрофа. Ве молиме не седете со скрстени раце. Помогнете со донирање колку што можете повеќе. Заедно можеме да им помогнеме да се борат“, заклучила таа.


Да потсетиме, актерката претходно живееше со својот татко во Украина и често престојуваше таму за да биде блиску до нејзината ќерка Каја, која ја има со Кличко. Хејден и Владимир се верија, а во 2018. година раскинаа. Тие ја добија ќерката Каја во 2014. година, а девојчето живееше со татко ѝ во Украина до војната, кога беше префрлена на безбедно.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 19.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Организирајте убаво дружење, дружете се со пријателите, опуштете се и пред се одморете. …