(ВИДЕО) Поделила трик за чистење на дрвени лажици па шокирала со нечистотијата на нив:„Ова е грозно!“

Нејзиното видео за чистење дрвени лажици собрало повеќе од 13. милиони прегледи.
Дрвените лажици се користат скоро секој ден, но ретко кој размислува за нивната чистота. Кога ќе завршиме со готвењето, едноставно ги миеме или ги ставаме во машина за миење садови.
Сепак, една жена открила дека тоа не е доволно за правилно чистење. Во своето видео на ТикТок открила како длабински да се исчистат дрвените лажици и покажала колку навистина нечистотија има на нив.
Нејзиното видео собра повеќе од 13 милиони прегледи, но и шокираше многумина.

@miss.clean.with.meI was not prepared for this🤢 Tiktok teaches me so much! ##clean ##cleaning ##satisfying ##asmr ##cleantok ##foryou ##fyp


♬ Bubble pop electric – 𝔞𝔲𝔡𝔦𝔬𝔰 ꨄ


Таа покажала како својата дрвена лажица ја става во чаша а потоа ја налива со врела вода и ја остави да стои околу 30 минути. После тоа време, водата станала матна и полна со честички од нечистотија.
Многумина не можеле да поверуваат колку нечистотија има на една лажица.
„Се плашам да го направам ова. Кој знае што ќе откријам”, коментирала една кориснчка, додека друга напишала: „Дрвените работи содржат најмногу бактерии и мувла. Тие примаат сè како сунѓери!”

Фото:Принтскрин/ТикТок


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …