(ФОТО) Земјотресот ги поместил Сисак и Петриња до 86. сантиметри

Хрватската државна геодетска управа извршила прецизни контролни сателитски мерења во земјотресното подрачје на градовите Глина, Петриња и Сисак од 4. до 28. јануари 2021. година и било утврдено дека Петриња и Сисак се поместиле до 86 сантиметри, соопштил денес Штабот за цивилна заштита на Хрватска.
Врз основа на добиените резултати и анализата на координатите на фиксните точки на геодетската основа пред и по земјотресот, утврдено е дека најголемото поместување е прикажано со точките во областа Петриња, со просечни поместувања од 45. сантиметри во југоисточна насока, додека средните вредности за поместувањето за Глина изнесуваат 10. сантиметри во рпавец на северозапад, или 10. сантиметри на исток за областа Сисак.


Утврдено е и висинско поместување од 10 сантиметри (спуштање на почвата) за областа на градот Глина. Оваа информација е објавена на нивната официјална веб-страница на Управата за цивилна заштита на Република Хрватска.
Управата посочува дека ова се првите официјални резултати објавени од Државната геодетска управа.
Од разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени, што ги погоди областа Петриње и Сисак на 29. декември 2020 година, се случиле низа средносилни и послаби земјотреси.
Последниот беше синоќа, 21. минути по полноќ, кога сеизмолозите од Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележале умерен земјотрес со епицентар на девет километри западно од Петриња, со јачина од 3,4 степени.


Извор и фото: potresinfo.gov.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …