(ВИДЕО) НЕВЕСТАТА има 15. години, а МЛАДОЖЕНЕЦОТ само 10: Вака изгледа РОМСКА СВАДБА ВО РУСИЈА!

И покрај фактот дека никогаш порано не се виделе, дека сега мора да живеат во туѓа куќа, дека имаат многу обврски, децата едвај чекаат на овој настан…
„Кога го пронајдоа мојот сопруг, јас не го сакав – но тоа не беше важно затоа што тие (родителите) веќе го избраа. Ова се наши обичаи – ако не го сакате вашиот иден сопруг, не можете направете нешто во врска со тоа. Ќе научите да го сакате подоцна“, вели младата Касандра и се насмевнува додека мие садови.
Таа се омажила пред една година и сега живее со нејзиниот сопруг Јаса, кој има дванаесет години. Тие живеат во заедница во мал град во кој живеат Ромите од Калдера. Овие Роми живеат во Русија повеќе од еден век, чувајќи ги своите обичаи да не бидат заборавени. Иако нивните песни и танци се главно заборавени, еден обичај сепак го следат Калдерите: свадба на малолетници.
Иако е 21 век, Калдерите се венчаваат многу млади. Момчињата стапуваат во брак од десет до дванаесет години, додека девојчињата се мажат од петнаесет до шеснаесет години.
Ромите Калдери пристигнале во Русија од Романија на крајот на деветнаесеттиот век. Нивното име е изведено од романскиот збор за котел, бидејќи тие биле познати по правењето и продавањето на лонци. Калдерите не треба да се мешаат со таканаречените руски Роми, кои со векови живеат во Русија и имаат своја култура.
Калдерите зборуваат на ромски дијалект со елементи на романски и руски јазик, иако тие течно зборуваат и руски јазик.


Бракови на Калдерите
Родителите треба да најдат невеста или младоженец за своето дете и воопшто не е важно дали децата се познаваат. Калдерите веруваат дека децата на крајот ќе се заљубат и ќе научат да живеат во брак.
На невестата и плаќаат голем мираз, златници, во вредност од неколку илјади долари. Во минатото, семејството на младоженецот морало да купува невестински фустани што ќе ги носи во наредните 10 години, но денес мневестите претпочитаат да добиваат пари, за да можат да изберат модерни фустани.
За време на ромска свадба, невестата и младоженецот не се бакнуваат, не играат заедно и дури не зборуваат. Не брзаат затоа што ќе имаат цел живот да се запознаат. Освен тоа, бидејќи тие се уште се деца, нивната врска ќе биде платонска уште некое време.
Родителите на младоженецот добро ја платиле невестата и сега очекуваат таа да биде вредна. За првите неколку години, грижата за куќата и семејството ќе биде главната задача на младата сопруга. Потоа ќе и биде дозволено да започне да заработува пари со гатање.
Ромската свадба е голем настан за целата заедница: тоа е обред на премин во животот на возрасна личност, но исто така е начин за заштита на традицијата на Калдерите. Иако вклучува брак со потполн странец и се стекнува со многу должности во младоста, свадбата останува еден од најубавите настани во животот на еден Калдераш, пишува rtd.rt.com.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …