(ВИДЕО) ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВИРУС ВО СВЕТОТ: Во Бразил за 24. часа повеќе од 39.000 заразени, во САД најголем скок на заболени во последните два месеци – Се’ повеќе заболени и во регионот!

Во Бразил, потврдени се 39.483 нови случаи на коронавирус и 1.141 смртни случаи во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.


Така, вкупниот број заразени лица се зголеми на 1.228.111, а Бразил е втора земја во светот во однос на бројот на потврдени случаи по Соединетите држави, со двојно повеќе пациенти од третопласираната Русија.
Вкупниот број на починати сега е 54.971, а Бразил е втор во светот по тој параметар.
Претседателот на таа земја, Жаир Болсонаро, кој уште од почетокот на пандемијата ја намалува сериозноста на вирусот корона, изјави дека смета дека е заразен, иако бил негативен на тестот, и најави дека повторно ќе биде тестиран, пренесува Ројтерс.


Зголемен бројот на заразени и во САД
Во Соединетите држави во изминатите 24. часа се пријавени 34.500 случаи на коронавирус, што е нешто помалку од најголемото забележано на 24. април 36.400, според Универзитетот Џон Хопкинс.



Вирусот „Корона“ уби речиси 122.000 луѓе во САД, досега, а Центрите за контрола и спречување на болести прават мрачни предвидувања, наведувајќи дека тој може да се зголеми за 30.000 до средината на јули.
Хоспитализацијата е во пораст во 21. држава, додека некои сојузни држави преземаат чекори за да го ограничат пристигнувањето на потенцијално заразените патници од други, најтешко погодени држави, објави синоќа АП.


Северо-источна Америка веќе не е епицентарот, а плашејќи се од втор бран, гувернероите на Њујорк, Њу Џерси и Конектикат сега преземаат одбранбени мерки.
Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо изјави дека полицијата ќе запира автомобили кои имаат регистарски таблички од други држави.
“Луѓето кои доаѓаат од земји кои имаат висока стапка на инфекција мора да бидат ставени во карантин на 14 дена. Може да го кршите карантинот додека не бидете фатени. А ако сте фатени, тогаш сте во задолжителен карантин и ќе платите казна од повеќе илјади долари.”
На запад, во Аризона, бројот на пациенти со Ковид на нтензивна нега е речиси двојно зголемен. Калифорнија објави зголемување од 69. проценти во случаи за само два дена.

Проценка на експертите: Заразени се повеќе од 20. милиони Американци
Според проценките на експертите на американската администрација, повеќе од 20 милиони Американци се или би можеле да бидат заразени со вирусот корона, 10 пати повеќе од бројот во моментов официјално регистриран, пишува лондонски Гардијан.
Новите откритија укажуваат на тоа дека голем број луѓе имале или имаат ковид-19, но немаат препознатливи симптоми, соопшти Националниот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), заснован врз резултатите од серолошките тестови кои утврдуваат присуство на антитела на вирусот корона.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни …