ВАЖНО ЗА КОРОНА ВИРУСОТ- Доктор Ана Момировска со важен совет за клима уредите кои можат да ја влошат состојбата!

Докторката Ана Момировска на својот профил на Фејсбук често се огласува со совети поврзани со превенцијата за корона вирусот, а сега упати еден важен поврзан со корона вирусот и клима уредите:

„Тежината на клиничката слика кај Ковид 19 најверојатно, покрај генетската структура и присутните мутации, зависи и од иницијалната концентрација на вирус која ќе го инфицира организмот. Затоа проветрувањето е важно, го разредува воздухот од вируси, на отворено има многу помалку шанси да се заразите, особено ако држите дистанца. Затоа носете маски, кога разговарате, во затворен простор каде нема можност за промаја. Клима уредите можат да ја влошат состојбата доколку воздухот циркулира во затворен простор.


Носете маски во затворено, шетајте на ширини, во природа. Не дозволувајте големи концентрации на вирус да ве инфицираат. Го пишувам ова симплифицирано, за секој да разбере, денес излегоа доста текстови на оваа тема. Требаше и претходно мерките да се објаснат зошто се препорачуваат, зошто се такви и која е логиката. За миењето раце, и личната хигиена мислам дека на сите им е веќе јасно. А и лето е ќе се сунчаме“, вели Ана Момировска


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …