(ВИДЕО) ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ НА ПЛАЖИТЕ – БРИТАНЦИТЕ МАСОВНО НА РАЗЛАДУВАЊЕ: Заборавиле на корона вирусот, полицијата ги молела луѓето да се тргнат!

Велика Британија ја погоди топлотен бран, поради што илјадници луѓе се собрале на плажите. Факт е дека ова беше втор најжешкиот ден во годината во Велика Британија, но властите беа „шокирани“ од сцените од Бурнмут и „неодговорното однесување на толку многу луѓе“.
Температурата на југот на Англија надмина 33. степени, а Британците очигледно заборавија дека жртвите сè уште се бројат. Ова беше исто така еден од најтешките денови за службите за итни случаи.


Полицијата буквално ги молела луѓето да се тргнат, но наместо граѓанска послушност, издале дури 558 казни за паркирање, што е рекорден број на едно место во толку краток временски период.
Од плажите биле извадени 33. тони ѓубре, а евидентирано е илегално кампување и антисоцијално однесување – пијани посетители кои дури и се бореле.


„Толку многу луѓе е едносатвно шокантно. Немавме друг избор освен ова да го прогласиме за голем инцидент и да иницираме итен одговор“, рекле властите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …