(ВИДЕО) НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА: Нивната љубов е посилна од војната на Путин: Русин се оженил со Украинка во егзил кога не можел во Киев!

Парот моментално се наоѓа во бегалски центар во Тихуана
Русинот Семен Боброски и Украинката Дарија Сахниук се заљубиле кон крајот на 2014. година, се вериле во текот на овој февруари, но војната ја спречила нивната голема желба да запловат во брачните води во Киев.
Нападнатата земја ја напуштиле пред неколку дена, а сега се венчале на другиот крај на светот, во Тихуана, во егзил. Бракот ќе им овозможи наскоро да заминат за Соединетите Држави, каде што ќе се обидат да изградат некој нов и, се надеваат, подобар живот.
Американската влада моментално дозволува влез на раселените Украинци, но на Боборски, како руски мигрант, при влегувањето во земјата му било кажано дека може слободно да се „врати назад“.


„Имам руски пасош и тоа ме прави непожелна личност. Дури и некои авиокомпании не сакаа да ми продадат билет бидејќи владата ги брка оние кои го поддржуваат Путин и неговиот режим”, рекол младиот човек, кому сега бракот со Украинката ќе му овозможи да влезе во САД.
Граѓаните на Тихуана на сите можни начини му помогнале на парот да ја собере потребната документација, а Боброски пред камерите им се заблагодарил за гостопримството и напорната работа:
„Ние сме мирни луѓе. Таа е администратор во стоматолошки клиники, а јас тренер. Се’ до пред два месеци не ни беше во мислите дека ќе треба да ја напуштиме Украина, но еве сме – каде сме. Штом ја поминеме американската граница, ќе се обидеме да најдеме работа“, рекол младиот човек кој моментално, со својата сакана девојка, живее во центар за бегалци.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …