(ВИДЕО) Делфин ја нападнал тренерката за време на шоуто: „Дошло до борба меѓу нив двајца“

Тренерката со брза помош е пренесена во локална болница по нападот, а и таа и делфинот се добро
Делфинот Санденс минатиот викенд нападнал тренерка за време на шоуто во Моаквариумот во Мајами, Флорида, пишува People.
Фотографот Шенон Карпентер вели дека седел во аудиториумот со своето семејство и дека целиот инцидент го снимил на камера. Видеото го објавил на TikTok, а подоцна го презедоа локалните медиуми.
На видеото се гледа како делфинот се однесува агресивно кон тренерката и ја напаѓа додека се обидува да излезе од водата. Делфинот во еден момент ја удрил, а набрзо на помош и пришол колега.

@scphoto_ky A dolphin trainer was just attacked by Flipper. Police just arrived. 🙁 #dolphinattack #miami #seaquarium ♬ original sound – SCPhoto_KY


„Изгледаше како делфинот да налетал на тренерката“, изјавил Карпентер за WSVN. „Имаше борба меѓу нив двајца. Делфинот ја нападна тренерката под вода. Дамата која беше на таблата излезе од водата колку што можеше побрзоо. Главниот тренер скокна за да и помогне”, истакнал Карпентер.

Тренерката случајно го изгребала делфинот
Карпентер додал дека тренерлата била пренесен со брза помош во локалната болница. Засега не е позната нејзината здравствена состојба.


Научничката од Институтот за добробит на животните, Роуз, Наоми А, додала дека делфините „ретко прават нешто случајно“ и декаицидентот веројатно се случил бидејќи делфинот бил „фрустриран“ со нешто или се обидувал„да укаже“ на нешто. Таа додала дека делфините „ретко прават нешто случајно“.
„За време на својата точка на шоуто „Флипер“ на 9. април, тренерката случајно со раката го изгребала делфинот Санденс. Ова несомнено било болно за Санденс, која потоа допливала кон тренерката и ја удрила. И Санденс и тренерката добро закрепнуваат“, рекле од Мајами морскиот аквариум и додале дека во иднина ќе ги засилат мерките на претпазливост за заштита на делфините и тренерите.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …