(ВИДЕО) НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЛЕ – Ова е најстрашниот филм во историјата: Смеете ли да го гледате?

Секој волонтер е опремен со монитор за отчукувањата на срцето што се следи за време на секој филм
Научниците тврдат дека конечно утврдиле кој хорор филм е најстрашниот во историјата, а тоа е филмот „Host“.
Станува збор за филм на британскиот режисер Роб Севиџ, кој е создаден за време на пандемијата на коронавирус и е снимен преку видео повик Зум. Ја следи приказната за група од шест пријатели кои учествуваат во виртуелна сесија. Иако на почетокот не очекуваат многу од нивниот паранормален собир, набрзо сфаќаат дека го потцениле злиот дух.
– Шест пријатели најмуваат медиум за да одржи Зум сесија за време на карантин, но добиваат многу повеќе отколку што се пазареле бидејќи работите брзо тргнуваат наопаку. Кога злиот дух почнува да ги напаѓа нивните домови, тие почнуваат да сфаќаат дека можеби нема да ја преживеат ноќта – гласи официјалниот синопсис на филмот за кој Проектот Science of Scare тврди дека е најстрашен.
Проектот „Science of Scare“ на Broadband Choices ги мери најстрашните филмови базирани на отчукувањата на срцето во последните неколку години. За да го откријат најстрашниот филм, истражувачите направиле листа на хорор филмови пред да побараат од 250. волонтери да ги гледаат на проекцијата.


Секој волонтер е опремен со монитор за отчукувањата на срцето што се следи за време на секој филм. Проекциите на секој филм се одвиваат во текот на неколку недели, така што нема опасност од замор кај учесниците. Host е прогласен за најстрашен втора година по ред со зголемување на отчукувањата на срцето во просек за 24 отчукувања во минута.
– И покрај тоа што беше снимен за само 12 недели и целосно преку видео конференција за Зум, Host ја преплаши нашата публика во своите кратки 56 минути со зголемување на отчукувањата на срцето во просек за 24 отчукувања во минута, што нè поттикна Host да го прогласиме за научно најстрашниот филм некогаш снимен – објаснува Broadband Choices.
По него следуваат Sinister на второ место, Insidious на трето, The Conjuring на четврто и Hereditary на петто.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …