Во петокот вечерта, 58-годишната италијанска актерка се појавила на доделувањето на наградите Lumiere во Лион и повторно докажала зошто многумина ја сметаат за најубава жена на светот.
Моника Белучи за оваа пригода се одлучила за виолетов комбинезон, оставајќи го нејзиниот стил „без многу напор“ да зборува наместо неа.
View this post on Instagram
Што се однесува до изборот на шминка, таа ги истакнала очите со кафени тонови, а во доменот на косата се одлучила за пуштена коса.
Моника, која важи за една од најубавите жени во светот, повеќепати потенцираше дека нема проблем со стареењето: „Кога сме млади имаме ѓаволска убавина, што е сосема природно, но животот продолжува и ние мораме да се справиме со староста. Кога имате 50. или 60. години, ги немате истите потреби како кога сте имале 20. години. Годините ни даваат поинаква перспектива“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram