Во јавноста се појавила уште една снимка која прикажува какви трикови користат турските безбедносни сили на границата со Грција, во областа околу реката Еврос (Марица).
Камерите го фатиле турското тактичко возило „Хизир/Атес“, обидувајќи се да го сруши делот од граничната ограда што има јаже или жица прикачена на неа.
Инаку, како што истакнува порталот „Катимерини“, овој вид возило за набудување Турција го добила минатата година во рамките на програмата финансирана, меѓу другото, и од Европската унија, и тоа 75. проценти.
Тие се карактеризираат со моќен мотор и можност да преминуваат преку ридскиот терен.
Да потсетиме, ова е само уште една во низата снимки кои докажуваат дека турските сили намерно го организираат и охрабруваат доаѓањето на мигрантите на границата со ЕУ, според грчките власти.