Италијанската влада ќе го изолира регионот на Милано и неколку други северни области за да се справи со епидемијата на коронавирус.
Мерките ќе бидат во сила до 3. април и ќе вклучуваат – забрана за влез или напуштање во регионот и движење во него ќе се овозможи само од итни деловни причини или здравствени проблеми; училиштата, базените и театрите ќе бидат затворени; во ресторани и барови растојанието помеѓу гостите мора да биде најмалку еден метар или просториите да бидат затворени; деловните состаноци мора да бидат одложени итн.
Ќе биде казнет секој кој не ги почитува правилата.
Да потсетиме, бројот на починати се искачи на 233, што ја става Италија во првите редови на најтешко погодените земји во Европа кога станува збор за коронавирус.