(ВИДЕО) ИСТОРИЈА – Нуркачите на еден чекор до 8-то светско чудо: Наоѓање на потонатиот нацистички брод што можеби ја превезувал познатата килибарна соба!

Килибарната соба се сметала за „осмо светско чудо“ пред да биде ограбена од нацистите пред повеќе од 70.години и никогаш не беила пронајдена. Нуркачите тврдат дека во сандаците со богатство е можно да се наоѓа украдената стока.
Зачудените нуркачи откриле кутии со богатство на потонатиот нацистички воен брод, во кој може да се сместат 250 милиони фунти од одамна изгубеното злато.
Неверојатни слики покажуваат сандаци во бродот, кои можат да содржат злато од познатата килибарна соба.
Во април 1945 година, германскиот воен брод Карлсруе потона лна дното на Балтичкото Море.
Бил бомбардиран од советските авиони и потонал, однесувајќи во смрт стотици војници и цивили.


Во октомври, полските нуркачи тврделе дека пронашле остатоци од речиси недопрениот Карлсруе.
Тимот на организацијата „Балтиктеч“ со месеци ги анализирал бродовите, а сега тврди дека пронашол злато од „Килибарната соба“, пренесува Сан.
„После темелна проверка на морското дно околу Карлсруе, успеавме да потврдиме присуство на друга руина, оддалечена само 550 метри од него“, велат од Балтиктеч.
Понатамошните истражувања ќе покажат дали станува збор за пловило поврзано со настаните од 13. април 1945 година.
„Како што и очекувавме, многу опрема се растурила околу бродот, особено пред неговиот прамец.На дното пронајдовме десет сандаци и многу други работи.Некои беа отворени. Содржината на едниот – специјални гумени заптивки – ни дава надеж дека станува збор за некои вредни предмети, можеби слики?”
Килибарната соба била украсена со килибарни плочи со огледала и златни листови.


Бесценетото богатство исчезнало од собата откако беше ограбено од нацистичките сили пред повеќе од 70 години.
„Потонатиот брод лежи неколку десетици километри северно од Устка на длабочина од 88 метри.Тоа е практично недопрено. Најдовме воени возила, порцелан и многу сандаци со досега непозната содржина”, велат тие во Балтиктек.
„Ова откритие може да обезбеди револуционерни информации за исчезнувањето на легендарната просторија, бидејќи последен пат беше видено во Кенигсберг.Оттаму, паробродот Карлсруе го започна своето последно патување со голем товар“, додаваат од здружението.

Извор: Daily Star


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 19.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Организирајте убаво дружење, дружете се со пријателите, опуштете се и пред се одморете. …