Во НОБ оперски рецитали на 11. и 12.12.2020

На 11 и 12.12.2020 со почеток 20 часот НОБ ги најавува оперските рецитали, во фоајето на Националната опера и балет. Пијано придружба Андреј Наунов.

На 11.12.2020 настапуваат Злата Тошевска, Марика Поповиќ, Невен Силјановски и Ана Ројдева.


На 12.12.2020 настапуваат Билјана Јосифов, Дејан Стоев, Десанка Глигоријевиќ и Драган Ампов.

Билетите се во строго ограничен број.


Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …