BBC има нова шокантна серија „Industry“ (Индустрија), која ги изненади гледачите со количината на експлицитни сцени. Во серијата, многу млади и амбициозни луѓе желни за успешна кариера во областа на финансиите, поминуваат повеќе време целосно голи отколку во одела.
Ликовите од серијата испраќаат голи фотографии до колегите, имаат секс во кујните, завршуваат во стриптиз клубовите – сето тоа само во една епизода.
Само за еден час, колку што трае една епизода, имало неколку сцени на брутален секс, поради што некои гледачи оваа серија ја нарекле чиста порнографија, а според некои странски медиуми, ова е моментално „најсекси“ серија на телевизија.
Една од епизодите започнува со протагонистката Јасмина која прави селфи во топлес што му ги испраќа на својот колега Роберт. Потоа, таа мастурбира на „жешкото“ видео од Роберт. Подоцна за време на епизодата, Јасмина раскажала дека смета дека шефот не ја сака затоа што имала „привилегиран живот“, а неколку сцени подоцна – таа била во неговиот скут и извела валкан танц.
Во продолжување погледнете го трејлерот: