(ВИДЕО+ФОТО) Тина Тарнер открила што и го спасило животот после злоставувањето, мозочниот удар и губитокот на синот

Музичката дива Тина Тарнер, која стои зад најголемите хитови во историјата на музиката, немаше бајковит живот и покрај нејзината слава. Имаше тешко детство, избега од лош и насилен брак со Ајк Тарнер, а нејзиниот син Крег изврши самоубиство во 2018. година. Покрај тоа, Тина доживеа мозочен удар во 2013. година, само неколку дена по медениот месец со нејзиниот втор сопруг Ервин Бах.
Таа успеа да ги надмине овие лоши моменти свртувајќи се кон религијата и будизмот.
“Будизмот ми го спаси животот. Во најтешкиот период од мојот живот, вклучително и семејното насилство, почнав да пеам и да учам за будистичките принципи. Кој знае дали тоа беше предодредено, но со сигурност можам да кажам дека будизмот ми дојде точно во вистинскиот момент“, изјавила Тина за„ Тајмс “.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)


„Бидејќи минував низ некои од најтешките моменти, можеби ќе ми беше полесно да се препуштам на брзи решенија како пушење, алкохол или дрога. Сепак, решив да погледнам во себе, да го допрам изворот на моето поголемо јас. Мојот драг пријател Дејвид Боуви, кој го интересираше будизмот цел живот, ме нарече феникс, по митската птица што се издига од пепел“, рекла таа.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

Тина исто така верува дека животот не треба да се одредува според големите проблеми со кои се соочуваат луѓето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

„Ако имам научено една лекција, тоа е дека големите проблеми не треба да ја одредуваат вашата иднина. Нашиот успех и среќа ги одредуваат само нашите одлуки и начинот на кој се справуваме со неволјите. Верувам дека сите имаме потенцијал да ги надминеме проблемите – и не мислам само на тоа дека сите можеме да ги преживееме нашите проблеми, туку и да напредуваме поради нив“, рекла таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …