(ФОТО) Спортист сите ги трогнал со објавата за болната ќерка:„Горд сум што можам да и кажам дека ја сакам!“

„Горд сум што можам да кажам дека не помина ниту еден ден да не ја видам, да танцувам со неа и да и ’ кажам на ќерка ми дека ја сакам. И не планирам тоа да го прекршам наскоро“, напишал поранешниот фудбалер чија ќерка страда од леукемија…
Риалити sвездата и поранешен фудбалер Ешли Кејн (39) и неговата девојка Сафија Вораги пред четири месеци станаа родители на девојчето Азајлија Дајмонд. Но, нивното бебе, веќе два месеци, се бори со леукемија.

Ешли редовно пишува за нејзиното здравје на социјалните мрежи. Тој објави фотографија со неа и напиша како напредуваат на патот кон заздравувањето.


„Трепнуваш и поминаа четири месеци. Не можам да верувам колку порасна. Убаво е да се види дека расте и се развива без оглед на ракот и хемотерапијата“, напишал тој и додал:


„Првите четири месеци летнаа толку брзо, што е лудо. Сепак, горд сум што можам да кажам дека не помина ниту еден ден да не ја видам, танцувам со неа и да и кажам на ќерка ми дека ја сакам. И не планирам тоа наскоро да го прекршам.



Азајлија го завршила својот втор круг на хемотерапија и е во процес на опоравување.
„Се надеваме дека во јануари ќе најдат соодветен донатор и ќе може да одат на трансплантација“, завршил поранешниот фудбалер.

Фото: Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …