(ВИДЕО) И’ покрај пандемијата, Јордан Митев со нов музички проект – „Жена за 100. години “

Популарниот фолк пејачи автор Јордан Митев сними и промовираше спот за песната „Жена за 100 години”.
Комплетен автор, како и досега на музиката, текстот и аранжманот е самиот тој, бидејќи во сите овие години покажа и докажа дека многу успешно го прави сето тоа. Освен што сам работи на креирање на своите песни, Јордан во јавноста е познат и по тоа што ги осмислува и режира своите видео спотови, овој пат повторно во соработка со “Арт студио” – продукција.

„’Жена за 100 години’ е уште една моја комплетна авторска песна, која во етер ја пуштив некаде околу 8-ми март оваа година. Во тој период почна и целата криза околу пандемијата, па затоа моравме да ги паузираме и сите планови, вклучувајќи снимање и промоција на спот за оваа песна. Овој период се почуствува дека дел од работите колку-толку се движат кон нормала, па затоа прво сакав да го завршам видеото за оваа песна. Со ‘Арт продукција’ ова ми е втора соработка и навистина сум задоволен од нивниот професионален пристап кон работата“, вели Јордан Митев.



Видеото е снимено на неколку локации во Македонија, а како главни актери се појавуваат познатата манекенка Цеце Орешкова, сега Георгиев, заедно со својот сопруг Кристијан Георгиев, кој исто така е наш познат манекен и нивната ќеркичка Кара Розмари.

„Со песната сакав да биде претставено убаво среќно семејство и истата преку спотот да допре до сите љубители на убавата македонска народна песна. За жал оваа година изминува така како што изминува, пасивно, но јас ветувам пред мојата публика дека ќе се потрудам да реализирам уште неколку проекти кои ги имав планирано до крајот на оваа 2020. Музиката не за џабе рекле дека е лек за се, па затоа сега, во овие времиња, ние сме должни пред нашата публика да продолжиме со работа и да им донесеме уште поубави песни“, заклучува Митев.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …