(ВИДЕО) Нападнала жена бидејќи не носела маска во автобус: Возачот се посрамотил со една реченица!

Возачот на автобусот морал да го запре возилото и да интервенира откако група патници почнале да се расправаат затоа што младата девојка не носела заштитна маска.
Видеото е снимено во Ливерпул и предизвикало бројни реакции на социјалните мрежи. Неколку луѓе почнале да ја критикуваат младата жена без маска, а меѓу нив била и една жена чија маска ја покривала само устата, но не и носот, пред другата група да започне да ја брани.
Во снимката, која отиде вирално се слуша возаќот кој прашува што се случува, додека луѓето викаат и пцујат. „Само се расправа со сите… вели дека вие сте проблемот затоа што им дозволувате на луѓе да влегуваат“, одговара една жена.


„Ако веќе на другите им дите лекции за маските, барем правилно да го носите вашата. Ако веќе сте полиција за маски“, вели возачот во еден момент на жена која не го покрила носот со маска. Жената тогаш му кажува како правилно се носи маската, пред тој да и даде до знаење дека не е негова работа секого кој влегува во автобусот да го испрашува за маски.
Жената потоа истрчала од автобусот, велејќи дека ќе го пријави инцидентот, пренесува Metro.
Заштитните маски се задолжителни во јавниот превоз во Англија од 15. јуни. Оние што не ги носат може да се соочат со парична казна од 100 фунти или забрана за влез во јавниот превоз. Сепак, лицата со посебни потреби и децата под 11-годишна возраст се ослободени од правилото, како и оние кои имаат потешкотии при дишењето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …