Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и неговата сопруга Марева во саботата се сретнале со двајца познати нови грчки државјани, славниот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон.
Мицотакис на својот профил на Инстаграм објави фотографија, во која Хенкс и Вилсон ги покажуваат своите ново стекнати грчки пасоши.
„Рита Вилсон и Том Хенкс сега се горди грчки граѓани“, напишал Мицотакис.
Средбата се одржала на островот Парос, пренесува Катимерини.
Вилсон, делумно има грчко потекло, а Хенкс долго време поседува куќа на блискиот остров Антипарос.
Љубовта на славниот актер за Грција е добро позната. Тој преминал во Православие пред да се ожени со грчко-американска актерка Рита Вилсон (чија мајка била Гркинка) пред повеќе од 30 години и со децении патувала во Грција .
„Грција е прибежиште.Патував низ светот, сум бил на најубавите места, но ниту едно од нив не е како Грција“, ги пренесува GrikSiti Tajms зборовите на познатиот добитник на Оскар, Том Хенкс.
Фото: Инстаграм