(ВИДЕО) Хуман гест: Кејт Урбан исполнил желба на девојка на умирање:И’ пеел во болница!

Кантри пејачот го распродал својот концерт а Мариса не можела да оди бидејќи е во болница. Емотивното видео станало вирално на социјалните мрежи, а фановите се воодушевени со чинот на Урбан…
Пејачот Кејт Урбан (50) и исполнил желба на тешко болната Мариса Инглиш (25) која не успеала да дојде на неговиот концерт. Кејт пред концертот отишол кај Мариса во болница и ја испеал омилената песна „Blue Ain’t Your Color“.
Кантри пејачот го распродал својот концерт а Мариса не можела да оди бидејќи е во болница. Емотивното видео станало вирално на социјалните мрежи, а фановите се воодушевени со убавиот гест на Кејт. Инаку, Мариса била најголема обожавателка на Урбан, а лекарите тврдат дека нејзината болест толку напредувала што и останале уште неколку недели живот и дека Урбан и ја исполнил последната желба.


„Има маичка од Урбан од која не се одвојува. И ја ставивме на перницата во болницата секогаш да биде покрај неа“, рекла мајката на Мариса.

„Знаевме дека на Мариса и е важно да биде на концертот. Но, тоа не беше возможно па се обидовме да најдеме начин да го доведеме Кејт“, рекла медицинската сестра Џен Кесити која успеала во својата намера.

Кејт е во брак со холивудската глумица Нуикол Кидман (50) веќе 11. години и имаат две ќерки, Сандеј Роуз (8) и Фејт Маргарет (6).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …