(ФОТО) Кустурица открива како Бреговиќ „ги плагирал“ песните

Режисерот Емир Кустурица ја објавил книгата „Што ми треба ова“ и во неа објавил непознати детали од својот живот.
„Записите во оваа книга немаат намера да одговараат на прашања, ниту да разрешат големи дилеми. Се’ настанало од потребата да сведочам за времето во кое живееме и да оставам трага на оние кои во иднината ќе проверат дали сето ова било потребно“, пишува Кустурица во воведот на книгата.
Тој во книгата пишувал и за односот со кумот, музичарот Горан Бреговиќ и открил како една ноќ во Прага настанал планетарниот хит „Месечина“.


„Пристигнува Бреговиќ и вели да преслушаме касети од трубачи кои ги добил од Стрибор, од кои некои победувале во Гуча. Ги пуштаме песните да се вртат па од две традиционални кроиме една и така настанува ’Месечина, месечина, јој, јој’…Песната која ќе ја пее измамениот народ во подрумот. Вештината на Бреговиќ без поговор да слуша што му сугерирам е неверојатна“, тврди Кустурица и додава:


„Исто беше и во случајот на ’Аризона дрим’. Му ја пупштам Кејси Линтон Џонсон, а тој за два дена ја пронајде песната ’Solencara’.Наводно, тоа е дело на Корзиканец за кого Бреговиќ, кога уредник му сврте внимание дека би можел да оди на суд поради плагијат, одговори:’Ниту тој не е автор. Тоа е стара еврејска песна, впрочем, каде сме ние, каде се тие. Кога ќе продадам милион примероци ќе платиме и за суд и на авторот“.
Кустурица во книгата на 360 страни во 80. поглавја сведочи за својот живот и своите дилеми, надежи и сомневања, не бегајќи од ниту една тема, од ниту една појава, ниту од актуелниот момент па макар тоа биле и телевизиски шеми или загадување на животната средина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …