A за крај на 2018: GIBONNI во Скопје како хедлајнер на НА „ALL YOU NEED IS LOVE“ фестивалот!

За да авалонскава година заврши како што треба, со навистина огромен ќеиф ви најавуваме: најголемата музичка актуелна регионална ѕвезда GIBONNI ќе биде хедлајнер на овогодинешното издание на фестивалот „All you need is love“, во недела на 23-ти декември!

Идеална прилика за голема предновогодишна фешта на која ќе се соберат сите љубители на Gibo и добрата музика од Македонија во ВИП Арената.
За Gibonni нема што да се каже, се` се знае, човек со премногу добри песни од кои секој од нас има понекоја своја и човек кој прави фантастични настапи!
Другите изведувачи ќе бидат познати во понеделник, на 29-ти октомври, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба преку avalon.mk од среда, 31-ти октомври во 09 часот, по следниве цени и категории:


ПАРТЕР- 700 денари
ФАН ПИТ- 1000 денари
SILVER SEATS- 1000 денари
GOLDEN SEATS- 1200 денари
ВИП- 2000 денари

Во продажба ќе бидат и Вип пакети за кои дополнително ќе известиме.Се гледаме на голема предновогодишна журка!
Авалон Продукција


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Најдобрата криминална серија досега е снимена во Њујорк и го носи заплетот на животот: Еве кога пристигнува новата сезона на „True Detective“

Креаторите потврдија дека продукцијата оди напред, како и кога ќе се емитува новата сезона… Претстојната …