(ВИДЕО+ФОТО) Се појавил првиот трејлер за „Боемска рапсодија“: Фреди ни се вратил!

 Сите вистински обожаватели на рок музиката ќе бидат воодушевени со првата најава за филмот за еден од најпознатите рок бендови на сите времиња, групата „Квин“.Фреди ни се вратил…
‘Bohemian Rhapsody’ е епска приказна за легендарниот бенд „Квин“ и пејачката легенда Фреди Меркјури – човекот кој верувал во себе и својата музика кога никој друг не, спротивставувјќи се на сите стереотипи и кршејќи ги сите правила за да стане една од најголемите музички икони на сите времиња.

‘Bohemian Rhapsody’ е приказна за љубовта, болката, прифаќањето и да, одличната музика. Славењето на талентот на Фреди и легендарниот рок бенд, кој со својата музика и чувството за авантура и специфични настапи ги прекршил сите правила на тогашната сцена.
Британската музичка легенда ќе ја игра Реми Малек, американски глумец со египетско потекло кој неверојатно личи на Фреди. Гвилим Ли го игра гитаристот Брајан Меј, Бен Харди е во улогата на тапанарот Роџер Тејлор, а Џосеф Мацело настапува како басистот Џон Дикон. Мери Остин, жената за кој Фреди тврдел дека е „љубов на неговиот живот“ ја игра Луси Бојтон, а во филмот ќе се појави и Мајк Маерс.


Режисер на филмот е Декстер Флечер, а сценариото го потпишуваат Ентони МекКарен, познат по сценаријата за филмот „Теорија на се“ и Џастин Хејт, „Црвениот врабец“.
Веруваме дека сите обожаватели со нетрпение го очекуваат ова ремек дело и го одбројуават времето до ноември за кога филмот е планиран во домашните кино сали.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …