(ВИДЕО+ФОТО) Рита Ора открила дека е бисексуалка!

Рита Ора во новата песна признала дека е бисексуалка. На овој начин сакала пред светот да обелодени дека подеднакво сака момчиња и девојки, и дека тоа е ОК.
Минатата недела кога се појавила нејзината нова песна Рита Ора сите ги изненадила. Во неа ги здружила силите со Cardi B, Charlie XCX и Bebe Rexha за да направи химна за бисексуалноста.


Во стиховите на песната говори за своите искуства со девојките и јасно наведува “I am fifty fitfty and I’m not gonna hide it” (Јас сум пола пола и тоа нема да го кријам) и “Sometimes I just wanna kiss girls” (Понекогаш само сакам да бакнам девојка).Иако никој не ја преиспитувал нејзината сексуалност, одлучила сама да признае дека подеднакво ја привлекуваат и’ момчињата и’ девојките.

Веднаш по излегувањето на песната, популарните пејачки Hayley Kiyoko и Kehlani ја обвиниле дека сака да ја наплати бисексуалноста и дека сака да заработи на таа тема.
Рита потоа се извинила на сите припадници на ЛГБТ зедницта и рекла дека не сакала никого да навреди, туку дека само зборувала за своите искуства и дека на тој начин сакала да открие дека е бисексулна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …