„Без Добрила во Дојран нема ниту една забава. Едноставно, се чека на неа бидејќи се знае дека кога Доби ќе дојде се’ е весело и поубаво“ ни рече во јануари еден жител на Дојран со кого случајно се сретнавме, но темата Добрила сама се наметна…
Во српското музичко шоу „Никогаш не е доцна“ музички се натпреваат талентирани кандидати од зрели години, а меѓу нив е и нашата македонска претставничка Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран.
Уште од самото претставување на сцената на Гранд, Доби со својата енергија и дух ја освои публиката и регионот. Секогаш позитивна и ведра, полна со енергија.
„Јас се чувстувам младо бидејќи живем со вас, со вашата генерација“, во една прилика изјави Ивановска.
Во секоја емисија таа ги воодушевува жирито, а и присутните во студиото, па никој не може да остане рамнодушен на нејзиното пеење и харизма. Кога и’ да застане на сцена, целото студио е на нозе.
Во последната емисија на „Никогаш не е доцна“ таа ја пееше „Каљинка“, а членовите на жирито беа импресионирани од нејзината интерпретација.
„Госпоѓо Добрила Вие ме оставивте без зборови. Вие имате толку добра енергија, прекрасно пеете, изгледате неверојатно. Како да имате 50. години, а не толку колку што имате, изјавила Ивана Селаков.
Добрила помина во следниот круг односно во финалето на „Никогаш не е доцна“.