(ВИДЕО+ФОТО) Интервју – Александра Јанева:„Поставувам цели на кои работам и сакам да го видам нивниот резултат!“

Како ги избираш песните кои ќе ги исполниш?
-На моите настапи низ Македонија настапувам со дечките од бендот 2BE. Можам слободнo да кажам дека во овие шест месеци успеавме да направиме наш специфичен и препознатлив звук. Најголем дел од репертоарот го правиме заедно, ставајќи ги на едно место нашите омилени најактуелни светски и македонски хитови.

Многу млада, на 21. година ја освои престижната награда од општина Струмица за особен придонес во областа на културата – „Св. Петнаесет ТивериополскиСвештеномаченици”, а ја прослави со концерт.Што претставуваше тоа за тебе?
– Наградата од Општина Струмица ми беше дополнителна мотивација заедно со мојот тим да направиме посебна вечер за струмичката публика. За жал, во Струмица речиси и нема концерти на македонски изведувачи. Се одлучивме за летен солистички концерт во склоп на манифестацијата „Струмица ОПЕН фестивал”. Го направивме заедно со моите најблиски соработници и музички пријатели како специјални гости. Бројната публика во градскиот парк беше одлично расположена и тоа беше една од најмагичните ноќи во мојот живот.


Студентка си на Стоматолошкиот факултет, што те привлече да ја одбереш токму таа професија? Со која љубов ќе продолжиш понатаму, музиката или медицината?
– На 18 години е прерано да се одлучува за идната професија, а мораме да направиме некаков избор. Во тој момент медицината сум ја чувствувалакако мој најдобар избор и интересен предизвик. Од денешен аспект сигурна сум дека продолжувам со музиката, а медицината секогаш останува како опција.


Која е твојата најголема животна страст, покрај музиката и медицината?
– Има нешта кои знаат периодично и накратко да ми го одвлечат вниманието, но ништо како музиката и медицината.


Што правиш секојдневно за да се подобриш самата себе, да бидеш подобар
човек, да водиш поквалитетен живот?
– Го живеам животот позитивно, опкружена со најблиските кои секогаш ми пренесуваат убава енергија. Се трудам да се смеам и да бидам опуштена во секој момент. Освен тоа, секој нов ден работам на себе за иден поголем професионален напредок.

Каде се гледаш за пет до десет години?
– Обично не сакам далечни планови. Поставувам цели на кои работам и сакам да го видам нивниот резултат. Секако, ја гледам големата слика за себе намузичката сцена, но сигурно не можам да ја дефинирам предвреме.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …