(ВИДЕО+ФОТО) Интервју – Александра Јанева:„Поставувам цели на кои работам и сакам да го видам нивниот резултат!“

Да живееш во друга, поголема средина Александра Јанева би била голема ѕвезда, би полнела концертни сали, а кај нас е се’ минимизирано. Жалиш ли за тоа?
-Правење паралела на македонската со балканската, европската и светската музичка индустрија е многу честа тема меѓу нас музичарите. Станува збор засосема различни култури, различни стандарди и однос кон уметноста од целото општество. Кога еден пејач ќе одлучи да пее во Македонија треба да биде свесен со каков мал пазар се соочува и дека треба да твори и заработува во специфични услови. Јас искрено се надевам дека сите заеднички ќе поработиме да ги подобриме тие услови и нашата музичка индустрија конечно ќе се помести од нулата.

Со своите изведби освои значајни признанија но и комплиметни, па и споредби со светски пејачки имиња. Кои се следните предизвици?
-Споредбата со светските пејачки имиња ми годи, особено ако станува збор за оние изведувачи од кои секојдневно ја црпам мојата музичка инспирација.Во иднина би сакала да имам уште повеќе прилики за дружби со македонската публика на настапи низ Македонија. Можеби ќе следува и албум кој ќе го заокружи сета музика која ја имам објавено во овие 5 години на македонската
сцена.


Со се’ што постигна некако те нема на музичката сцена. Концентрирана си на студиите или …?
– Студиите течат паралелно со моите музички ангажмани. Последните 20. месеци на музичката сцена бев активна со вкупно шест синглови. Во 2017ги објавив „Солза за крај”, „Зошто баш ти” и „Бам бам”, три синглови кои добија забележителен фидбек од публиката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …